Вака зборуваше на локалните избори Петре Шилегов повикувајќи ги чаирчани да го поддржат Висар Ганиу за градоначалник на општината.
Но, како што изгледа сега работите се сменети. По објавувањето на натписот синоќа на Скопското кале “Зошто да не?“ се судрија градоначалникот на Скопје и екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити. Шилегов прв ја почна дебатата на Фејсбук:
„Евтини приказни, евтини политики, евтини анимации…Затоа Не!“, напиша Шилегов.
Како одговор на ова Изет Меџити порача дека во САД ако можел Барак Обама да стане претседател, зошто да не може Албанец да биде премиер на Северна Македонија.
„Ако во САД можеше Барак Обама да стане претседател на држава, зошто да не може Албанец да стане премиер на РСМ? Дали е ова едно општество за сите како што се претендира? Зошто да не, г. Шилегов?“, посочи Меџити.
Шилегов со нова порака исто така преку социјалните мрежи. Му возврати на Меџити – не зборувајте вие за Обама туку зборувајте за неасфалтираните улици во Чаир.
Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што “обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и „Обама да ги “раскажува”…“, истакна Шилегов.
И Изет Меџити ги спомна нереализираните ветувања на Шилегов за Скопје.
„Петре, концептот “едно општество за сите“ јас го разбирам како концепт каде и Албанец може да цели кон високи државни позиции, како што е премиер, зошто да не и градоначалник на Скопје. Евтини приказни за мене се ветените проекти Тунелот под Кале кој ќе ги поврзуваше двете страни на Скопје кого го вети без да погледне ниту една студија, едноставно само сон. И Водовод и канализација е претпријатие директно под ваша надлежност“, порача Меџити.
Го контактиравме денеска и Шилегов и Меџити да ги прашаме дали сакаат да ги искоментираат нивните преписки на Фејсбук. Двајцата не сакаа да се произнесат за медиумите, туку останаа на напишаното на нивните профили, а Шилегов рече дека нема за цел да му прави пропаганда на Меџити бидејќи тој е носител на листа, а нема стереотипи за Албанците и за тоа дали треба или не да биде премиер Албанец. Меџити рече дека е подготвен да излезе на дебата во секое време со Шилегов на темата за премиер како и за се друго. Во меѓувреме пред скоро една недела Шилегов и Ганиу се судрија за кружниот тек во Чир на булеварот Втора Македонска Бригада. Двајцата градоначалници се обидоа да ги присвојат заслугите од изградбата на овој кружен тек.
