Арбен Фетаи од Вреди вечерва одговори дали ќе влезат во Влада која не ги одобрува уставните измени.
„Реков дека уставните измени се главниот збор во програмата, се разбира пред да се формира Влада. Владејачкиот договор има план со рок за Владата, од 3-6 месеци да се одобри. Се разбира, без уставни измени не влегуваме во Влада“, рече Фетаи.
