ФИФА и УЕФА ги суспендираа руските клубови и репрезентација од сите фудбалски натпреварувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската фудбалска управа ФИФА и Европската управа УЕФА ги суспендираа руските клубови и репрезентација од сите натпреварувања.

Потегот доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) кој препорача на руските и белоруските спортисти и официјални лица да им се забрани учество на какви било организирани меѓународни натпревари.

Тоа значи дека руската машка репрезентација нема да ги игра своите натпревари од плеј-офот за Светското првенство следниот месец, а женската селекција доби забрана за учество на Европското првенство летово.