Филипче: Да не се зема Дексаметазон на своја рака, тој се дава во комбинација и по препорака од лекар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните денови се појави информација дека лекот Дексаметазонот покажува добри резултати во лекување на коронавирусот. Свој коментар даде и министерот Венко Филипче.

„Дексаметазон не е лек за домашна употреба, и не се дава како единствен, туку во кобминација со други лекови. Има многу несакани ефекти. Тоа е лек кој е со противвоспалително дејство, но од друга страна го намалува имунитетот.

Апсолутно граѓаните не треба да го користат на своја рака, туку по лекарска препорака, и повторно ќе кажам, тој се дава со комбинација, а не како единствен“, рече Филипче.

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ изјави дека лекот Дексаметазон се користи и на клиниката и се покажал како корисен.

„На почетокот, нашите колеги од другите држави, кои пред нас се соочија со коронавирусот, тврдеа дека не само што дексаметазонот не е корисен, туку тој може и да наштети. Но, ние на Инфективна клиника, воведувајќи го интензивното лекување, неговата примена ја најдовме како многу корисна, се разбира, комбиниран со сите други терапии, пред сè антибиотски. Ние го користевме во овој период и заклучивме дека во вистинскиот момент, кога сметаме дека треба да се даде, и кога сме го давале, сме имаме бенефит од него“, изјави Стевановиќ