Филипче: Дали ќе има полициски час во некои делови од земјава, ќе зависи од резултатите во следните 2-3 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека на Комисијата за заразни болести утринава станало збор и за воведување на карантин и полициски час во одредени делови, при што било констатирано дека ќе се одлучува после 2-3 дена, а ќе зависи од резултатите во следниот период.

„Беше констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. За дополнителни рестриктивни мерки ќе се почекаат резултатите од следните 2-3 дена, а потоа ќе се носат одлуки. МВР да работи засилено на имплементација на мерките. Под рестриктивни мерки се подразбираат воведување на полициски час на локално ниво“, рече Филипче.