Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека нашата земја го подигнала нивото на подготвеност за коронавирусот, откако тој се појави во северниот дел на Италија, и се шири со голема брзина.
Воедно, апелираше доколку нема потреба од некоја итност, да не се патува во северниот дел на Италија.
„Со оглед на новонастаната ситуација во северна Италија, ние утрово имавме сотанок со комисијата за заразни болести, во кои присуствуваа и гранична полиција, и го подивнавме нивото на подготвеност. Од утрово ја воведуваме контролата на сите кои влегуваат во земјава. Воведен е прашалник, и сите патници ќе го потполнуваат тој прашалник. Во согласност со одговорите, доколку има патник кој има симптоми, или да бил во контакт со некој заразен со коронавирусот, се прават тестирања и се одлучува што понатаму.
Доколку има некој коронавирус, тогаш ќе биде однесен во карантин каде што на клиника имаме подготвено посебен оддел.
Апелирам до граѓаните, доколку нема некоја итност, да ги одложат патувањата во северна Италија“, изјави Филипче.
