Филипче го посети Адријан: Верувам дека ќе ја добие битката со болеста бидејќи е храбар и полн со живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на својот „Фејсбук“ објави статус дека го посетил Адријан, момче кое се лекува на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Изрази надеж дека ќе ја добие битката со болеста.

„Ова ведро и насмеано момче се вика Адријан и денеска наполни 11 години. Кога влегов во собата веднаш ме плени неговата насмевка, позитивна енергија и ведар дух.Мајка му на Адријан ме покани да го запознаам овој борец кој за жал, лежи на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Јас силно верувам дека Адријан ќе ја добие битката со опаката болест бидејќи е храбар и полн живот. Ти држиме среќа за што побрзо да им се вратиш на игрите со другарчињата!“, напиша Филипче.