Загина работник во подрачјето на Гази Баба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи информираше дека при изведување на градежни работи во објект на територијата на општината Гази Баба, работник паднал и го загубил животот.

„На 10.07.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор“, стои во објавата на МВР.