Филипче горд на менаџирањето на пандемијата – на наследникот Беким Сали му порача да биде транспарентен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Менаџирањето на пандемијата е нешто на што е горд министерот за здравство во заминување, Венко Филипче. Тоа за што жали е што не можел да го реализира проектот за нов клинички центар.

Функцијата на Филипче ја презема Беким Сали. А министерот во заминување го советуваше својот наследник да биде транспарентен.

Инаку Венко Филипче задачата Министер за здравство ја доби во 2017 во владата Заев 1, а потоа беше избран и за втор мандат во 2020 во владата Заев 2, кога почна пандемијата. По 5 години на чело на белите мантили си заминува по оставката на премиерот Зоран Заев.