Филипче: Мицкоски меша баби и жали – Проектот е параван да се украдат половина милијарда евра, вели Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека Клиничкиот центар кој се планира да се изгради е четири пати поскап од ист таков што се гради во Србија не држат, вели министерот за здравство Венко Филипче. Двата објекта не можат да се споредат бидејќи болницата во Србија е изградена и таа само треба да се реновира, додека ние градиме нов објект и целосна опрема, вели Филипче.

„Властите во Србија сега одлучија сето тоа да го реновираат и да го опремат. Не станува збор ниту за нова градба ниту за нова градба, ниту за капацитет за каков што ние планираме. Станува збор за споредба на баби и жаби, не може да ги споредуваме тие работи“, истакна Венко Филипче.

Мицкоски не отстапува од неговиот став дека клиничкиот центар е далеку поскап од тој на Србија, но потврди дека останува да ја блокира изградбата.  

„Ова е параван како да се покраде пола милијарда од граѓаните во Македонија, кој што нормално додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволам. Има голема разлика, еве ги пола милијарда проектот бабите и жабите оние 125. 400-ини милиони помалку во Србија“, вели Христијан Мицкоски.

Филипче му порачува на Мицкоски дека е некоректно од негова страна да ја злоупотребува можноста во Собранието да го блокира законот за изградба на Клинички и го повикува на дебата. Мицкоски прифаќа.

„Апелирав и тогаш и сега повторно ВМРО-ДПМНЕ да прифати да дискутира и јавно да ги вклучиме сите чинители во тој процес. Мислам дека треба да се охрабрат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан исто така, да излеземе да дискутираме заедно, да ги кажеме нашите аргументи зошто сме ние цврсто убедени дека тоа е единственото трајно решение“, додава Венко Филипче.

„Мислам дека темата за дискусија околу законот за измените на законот за јавни набавки е во парламентот а доколку Зоран Заев сака да дебатираме јас во текот на вчерашниот ден упатив јавна покана, ќе ја повторам, да излеземе заедно, нека избере тој време, место и да дебатираме по сите овие отворени прашања“, порача Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ кој не се согласува со начинот на изградбата на новиот клинички центар ги блокираше законот во Собранието со околу 2 илјади амандмани.