Филипче: На десетина пациенти им била дадена лекарска помош поради вдишување на чад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизарани како и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција.

„Нема повредени со изгореници во пожарот во Кочани. На десетина пациенти им била дадена лекарска помош поради вдишување на чад. Четворица од нив се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување.Со претседателот на Владата Зоран Заев остануваме во Кочани цела ноќ, огнената стихија е локализирана, но будно ја следиме состојбата на терен и сме во целосна координација со сите екипи и институции“, порача Филипче.