Филипче на средба со семејството на Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три животи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека утринава се сретнал со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.

„Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, истакна Филипче.