Филипче: Не потфрливме во набавка на вакцини, имаме еден од најподготвените системи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на гостување на ТВ24 уште еднаш истакна дека ќе пристигнат 200 илјади вакцини од Кина, кои ќе бидат за старт на имунизацијата.

Филипче беше нападнат од опозицијата дека потфрлил во набавката на вакцини, а тој демантираше:

„реговорите со компаниите се оптеретени со многу детали, измената на законот беше заради регистрација на продуктот од странско преставништво. Србија ја има таа предност, има преставништво на Фајзер. Самите компании имаат специфични барања, тоа е глобална политика. Не потфрливме во набавката на вакцини, ние имаме еден од најподготвените системи, голем број од земји во регионов немаат стигнато до вакцини, во февруари и во други земји ќе започне вакцинацијата“, истакна Филипче.

Филипче уште еднаш истакна дека сите вакцини се сигурни и безбедни.

„Сите вакцини се сигурни, безбедни се, со кој тип ќе започне вакцинацијата зависи од динамиката на реализација на договорите. Здравствените работници кои работат со Ковид, списоци на граѓани постари, граѓани со хронични болести, имаме списоци со име и презиме, тие први ќе се вакцинираат“, изјави Филипче.