Филипче: Нема карантин за Тетово и Гостивар – болницата во Козле ги отвора вратите за ковид-пациенти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако ковид-состојбата во Тетово и Гостивар е тешка, сепак сега за сега нема потреба од карантин, смета министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, акцентот на здравствените власти е вакцинирањето на населението.

Министерот е свесен дека болниците во Тетово и Гостивар се преполни со пациенти, па затоа како решение ќе ја отвори болницата во Козле.

На прашањето – зошто нема никаква помош од ресорното министерство за тетовската и гостиварската болница, Филипче рече дека тоа не е вистина, но сепак не даде конкретен одговор каква помош им понудил.

Во моментов во Тетово има 125 хоспитализирани пациенти. Само вчера се примени 11 нови. 121 од нив се на кислородна поддршка, а во амбулантата, помош побарале вкупно 228 лица. Во изминатото деноноќие починале тројца пациенти, а 6 се пуштени на домашно лекување.