Филипче: Нов бран е се поизвесен, само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека темпото со вакцинација мора да се задржи.

„Имаме одлично поставен систем и капацитети за вакцинација, потребна е само свест и совест кај граѓаните. Нов бран е се поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас. Само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи. Барам максимална одговорност, но пред се поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата. Разговарајте и убедете ги оние кои се уште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено – вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од Ковид“, истакнува Филипче.