Филипче: Починатите се на возраст од 29 до 79 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Владата кажа дека починатите биле на возраст од 29 до 79 години, и дека за нив се прави во моментов обдукции и идентификација.

„Во тој центар биле хоспитализирани 26 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани безбедно во моментов се хоспитализирани во болницата, и тие се во стабилна состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени ниту починати здравствени работници.

Предадени се телата на 14 пациенти, за дел од нив е завршена обдукцијата за дел се одвива. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават анализи на ДНК, за што се информирани и членовите на семејствата“, рече Филипче.