Филипче: Позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините.

„Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација“, додаде Филипче.