Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален Фејсбук профил посочи дека во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја.
„Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација“, пишува министерот Филипче.
Тој додава дека операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи.
Станува збор за исклучително тешка и ризична операција.
