Филипче смета дека е рано за да се тргнат маските на отворено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, по новинарско прашање, истакна дека се уште е рано да не се носат маски на отворено.

„Лично сметам дека е рано, се уште, сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, но во исто време треба мерката да има логика поради топлото време“, посочи Филипче.

Тој додаде дека уште најмалке една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.