Филипче: Специјализациите започнуваат сега и се на располагање на сите млади доктори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, по новинарско прашање од ТВ21 за лекарите коишто требаа да почнат со специјализација до крајот на минатата година, истакна дека тие ќе започнат сега.

„Има неколку групи, јасно да ги разграничиме, сите млади колеги кои што се веќе на специјализација, кој што примаат паричен надоместок. Имавме состаноци со таа група на специјализанти со цел да го решиме трајно нивниот статус и во таа смисла се обезбедија парични средства да се започнат постапките за вработување. Тоа што сега го правиме е план и распоред кој во која установа останува согласно потребите на граѓаните и пациентите, и потребата на самите јавно-здравствени установи во Скопје и ширум државата“, посочи Филипче.

Тој вели дека втората група специјализанти се специјализанти кои што сега започнуваат и ќе го добиваат и понатаму паричниот надоместок.

„Тоа е таа следна генерација која што доаѓа, а специјализациите коишто не беа распишани заради ковид кризата сега на почетокот на годината ќе бидат распишани и тоа се повторно на располагање на сите млади лекари на начин на кој што добро и стратешки го испланиравме процесот во смисла на точна проценка на потребите по специјалност“, додава Филипче.