Филипче: Сцените во Струга се крајно разочарувачки – да се спроведе истрага како се дозволило ваков собир кој е строго забранет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакна дека сцените кои ги гледа денеска во Струга се крајно разочарувачки.

„Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет“, пишува Филипче.

Тој апелира до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно да го вратиме животот во нормала.

Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување…

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 7. Mai 2020

„Во градот каде што смртноста од вирусот е 20% од бројот на заразени, ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега ниту една мерка нема смисла. Ќе има одговорност!“, истакна Бујар Османи.