Филипче: Таму каде што сега се бара една доза на вакцина, од октомври ќе се бара сертификат за целосна имунизација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска кажа дека во октомври ќе биде предложена мерка, односно дека ако сега влезот во сите угостителски објекти како и други институции е можен со една доза, од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација.

„Мерка која сигурно ќе се препорача, е оваа потреба да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, кажа Филипче.