Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека возачот на автобусот со кои патувале новите заразени лица, повторно заминал на тура во Италија.
Тој додава дека пред половина час пристигнал на граничен премин и сега ќе се тестира дали е заразен со коронавирус.
Филипче посочува дека останатите патници од автобусот се во посебна просторија.
