Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека заразените со коронавирус вечерва од Дебар со специјален транспорт ќе бидат префрлени на Инфективна клиника.
Се работи за сопружници на возраст од 62 и 68 години.
Тој додаде дека идентификувани се сите 40 патници од автобусот со кои сопружниците допатувале во Македонија од Бреша, Северна Италија и со сите нив во тек се интервјуа со епидемиолози.
