Филипче: Засега нема потреба за нови, поригорозни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека сегашните мерки кои се донесе се доволни, но дека во секојдневна комуникација со Комисијата за заразни болести, ќе се шират ако има потреба.

„Во овој момент мислењето на Комисијата за заразни болести е дека мерките се сосема доволни. Ги следиме случувањата во градовите, и ќе се донесат мерки и решенија ако е потребно, па дури и за некои одредени делови во државата“, рече Филипче.