Поранешниот гувернер на НБРМ, Љубе Трпески во „21МИНУТА“ на ТВ21 вечерва рече дека е потребен голем степен на независност на финанската друштва во земјата, и да не зависат од политиката.
„Неопходно е степен на независност на финансиските друштва, односнот да не зависи нивната контрола од политиката“, изјави Трпески.
Но, колку политиката „меша прсти“? Одговори Трпески:
„Во однос на Народна банка, откако ние ги донесовме законите со кои се издигна степенот на независност, имало обиди за мешање на извршната власт во НБРМ, но Народната банка опстојуваше во тој поглед, бидејќи законот ја заштитува.“, додаде Трпески.
