Суд во Финска прогласи руски државјанин за виновен за воени злосторства во источна Украина. Јан Петровски, познат и како Воислав Торден, беше осуден на доживотен затвор за воени злосторства извршени во Луганск во 2014 и 2015 година.
Судењето претставува редок случај на обвинители надвор од Украина кои бараат правда за жртвите на наводните воени злосторства во конфликтот што започна пред руската инвазија во 2022 година. Петровски беше член на групата Русич, руската екстремно десничарска и неонацистичка паравоена група.
Норвешка го депортираше во 2016 година.
Според американското Министерство за финансии, Петровски станал командант на таа паравоена во 2022 година. Тој ја презеде функцијата од Алексеј Милчаков, кој истата година беше ранет во борбите за Харков. И двајцата беа под санкции на Европската унија и САД поради дејствија што го загрозуваат суверенитетот, независноста и безбедноста на Украина.
Петровски можеше да влезе во Финска благодарение на неговото ново име и фактот што на неговата сопруга и беше понудено место на тамошниот универзитет. Тој пристигна во Финска со автомобил преку контролниот пункт Ваалимаа на 19 јули, придружуван од сопругата и трите деца. Следниот ден бил приведен додека патувал за Ница да ги посети роднините.
Инаку, Петровски во младоста неколку години живеел во Норвешка. Учествуваше и во војната во Сирија, каде што се бореше заедно со режимот на претседателот Башар ал Асад. Норвешка го депортирала во Русија во 2016 година поради загриженост дека претставувал безбедносна закана.
