ФК Шкупи поразен со 2:1 од Балкан на натпреварот од плејофот од Конференциската лига. Шкупи поведе во во 18. минута кога Алварез од лево нафрли за Адетуњ кој со глава погоди за 1-0.
Но, во 22. минута Балкани успеа да израмни. Арменд Таќи во просторот го пронајде Албион Рахман, кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата за 1-1.
Екипите заминаа на пауза со по еден гол за враќање во втората лига.
Се играше 67. минута кога Меритон Кореница со проектил надвор од зоната постигна супергол за 2-1.
Тренерот на Шкупи Гоце Седлоски по натпреварот изјави дека не заслужиле да загубат, но додаде дека се уште ништо не е готово.
Клучниот натпревар меѓу Балкан и Шкупи ќе се одигра на 25 август во Приштина. Во четврток, следната недела ќе се одлучува која екипа ќе се квалификува во групите на Конференциската лига.
