Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци вечерва соопшти дека фонтаната на виното е во завршна фаза.
– Виното како симбол на нашиот град е инспирација за новата фонтана. Новиот кружен тек на булевар „Никола Минчев” сега има сосема поинаков лик. Фонтаната на виното веќе е во завршна фаза. Фонтаната во облик на чаша за вино и црвената вода која го претставува виното, го разубавуваат овој дел од градот. Во наредна фаза ќе се изврши и доуредување на просторот и хортикултурно уредување, појаснија од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
