Партијата на Курто Дудуш постигна договор со ДУИ за заеднички настап на парламентарните избори, дознава ТВ21.
Порано денеска објавивме дека Унијата на Ромите е најблиску до договор со ДУИ, иако разговори имале и со останатите политички партии.
„Јас да бев Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција односно опозицијата освен ДУИ и Али Ахмети“, телефонски ни рече попладнево Курто Дудуш.
Тој додаде дека Али Ахмети го почитува како човек, идеолог и рече дека понудата на ДУИ е најсериозна.
Првиот круг на претседателските избори во Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
