Во Германија запленети 300 килограми кокаин скриени меѓу банани, по информации од македонската полиција и ДЕА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 300 килограми кокаин се запленети во Германија благодарение на брзата размена на информации меѓу Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

Според неофицијални информации, дрогата била скриена во контејнер со банани, кој од Еквадор пристигнал во пристаниште во Холандија, а потоа бил транспортиран во Германија.

По размената на информации меѓу македонската полиција и американската ДЕА, германската полиција го открила сомнителниот товар и запленила повеќе од 300 килограми кокаин.

Оваа операција ја потврдува важноста на меѓународната соработка и размената на информации меѓу полициските служби во борбата против трговијата со дрога.