Почна исплатата на социјалната, детската и цивилната заштита за октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за октомври. Исплатата започна на 5 ноември, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Граѓаните кои поседуваат дебитни картички средствата можат да ги подигнат во готовина на банкоматите, да ги користат за плаќање во продажните места или да вршат трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои немаат платежни картички, исплатата е достапна на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките, почнувајќи од денеска.

Од Министерството информираат дека исплатата се однесува на сите права од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2026 година.