Граѓаните од денеска можат да ги подигнат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име – Република Северна Македонија.

Печатењето и издавањето на новите лични карти беше деблокирано откако Владата на седница со подзаконски акт го овозможи тоа.
Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.
