Продолжува масовната вакцинација денеска во земјава, и во најголемиот вакцинален пункт, салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.
Денеска ТВ21 забележа огромни гужви и немање на дистанца пред вакциналниот пункт, што е спротивно од мерките донесени за заштита од коронавирусот.

Имено, денеска почнува вакцинацијата и со кинеската вакцина на Синофарм, која во петокот пристигна во нашата земја, а исто така има и ревакцинација.

