ФОТО: Македонија на сликички од „Панини“, моментот кој се чекаше со децении

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу генерации наназад биле колекционери сликички од Панини од познати фудбалери и репрезентации пред Светските и Европските првенства. Но оваа генерација ќе има со што да се фали.

За прв пат во историјата ја има и Македонија.

Нашата репрезентација годинава ќе дебитира на ЕП, па младите, а веројатно и постарите љубители на фудбалот ќе имаат уникатна можност, да ги лепат сликичките на Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Ристовски, Несторовски и дружината кои за прв пат ќе ја претставуваат Македонија на големо натпреварување.

Панини албумот веќе го има низ европските земји, а во април се очекува да стигне и кај нас.

Македонија на ЕП ќе игра во групата со Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и во Амстердам.