Денеска под слоганот „Демократска Македонија“, во организација на неколку патриотски здруженија се одржа протест за ослободување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Граѓаните на крај на протестот порачаа дека нема да отстапат од своите барања и затоа се одлучија да се сместат со шатори во паркот „Жена Борец“ кај Собранието.
Тие не ја исклучуваат ни можноста за штрајк со глад.

