Мицкоски го пречека Пленковиќ: Средбата е потврда за добрите односи и пријателството меѓу Македонија и Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска во Охрид го пречека неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Мицкоски изрази задоволство од средбата, и кажа дека таа е потврда на добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска.

„Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ

Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.