ФОТО: Пуштена во продажба кукла со ликот на Кралицата Елизабета Втора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кукла Барби со ликот на кралицата Елизабета Втора е пуштена во продажба по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот.

Куклата е облечена во фустан од слонова коска и син појас.

Украсена е со минијатурни медалјони и панделки. На главата на куклата има и дијадема, слична на онаа што Елизабет ја носела на денот на нејзината венчавка.

Кралицата, која денес полни 96 години, се искачува на тронот по смртта на нејзиниот татко. Таа е моментално најдолготрајниот монарх во британската историја.