ВИДЕО: Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил на патот Тетово – Јажинце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил се случила попладнево на регионалниот пат Тетово – Јажинце, јавува репортерот на ТВ21.

Како што може да се забележи и на фотографиите, тракторот е преполовен, а причинета е голема материјална штета.

На терен е и Брзата помош, а според неофицијални информации на ТВ21 повредени се четири лица.

Полицијата е на терен и врши увид.