Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно физичко лице и една компанија, под сомнение за даночно затајување и фалсификување деловни книги.
Според истрагата, сопственикот и управител на компанијата, М.Д., во периодот од 2021 до 2024 година, се сомничи дека вршел фиктивни сметководствени евиденции со цел да присвои приходи од продажба на нафта и нафтени деривати, избегнувајќи плаќање данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход.
Надлежните информираат дека со овие дејствија Буџетот на Република Македонија е оштетен за повеќе од 7,2 милиони денари, односно околу 117 илјади евра. Случајот е во постапка пред Основното јавно обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошните чекори во предмето
