Фудбалерите пристигнаа во Скопје – Македонија во четврток ќе се соочи со Ерменија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на македонската репрезентација вчера пристигнаа во Скопје, каде се подготвуваат за мечот за квалификации за пласман во Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022 година.

Мечот од четвртото коло во групата Ј, со Ерменија во Скопје ќе се одигра во четврток, а ќе биде и деби на новиот селектор, Благоја Милевски.

Потоа следуваат и средбите со Исланд на гости во недела и со Романија дома на 8 септември.

По три кола, Македонија е на второто место во групата со шест бода колку што има и Германија. Ерменија води со девет бода.

Билетите за домашните натпревари на македонската А репрезентација од квалификациите за Светското првенство 2022 против Ерменија се пуштени во продажба а цената е 300 денари.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.