Фудбалската репрезентација на Германија ќе се менува после повеќе од 70 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германската фудбалска репрезентација во изминатите години смени многу генерации. Освои четири шампионски светски титули, освојуваше трофеи и на Европските првенства, но никогаш не смени едно нешто – спортскиот бренд Адидас.

„Адидас“ ја облекува репрезентацијата на Германија уште од далечната 1954 година. Меѓутоа дојде моментот да се смени и тоа. Така Германската федерација склучи договор со „Најк“, кој од 2027 година ќе биде официјален бренд на фудбалската репрезентација.

Досега Германција од Адидас добиваше 50 милиони евра годишно, а со „Најк“ се очекува да добива повеќе. Договорот со Најк ќе биде од 2027 до 2034 година.

Адидас стана заштитен знак на репрезентацијата на Германија низ годините, па навивачите бараат и понатаму да не се менува брендот, но договорот е постигнат и јасно е дека завршува една ера која траеше повеќе од 70 години.