Фудбалскиот клуб Шкупи го откажа тестирањето за Ковид-19 поради тоа што не веруваат во тестовите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Синдикатот на фудбалери на Македонија, информираше дека фудбалскиот клуб Шкупи го откажал тестирањето за вирусот Ковид-19 поради тоа што тие не верувале во тестовите, откако во текот на вчерашниот ден шест лица од фудбалските клубови Шкендија и Ренова беа позитивни на коронавирусот.

Денеска биле тестирани од фудбалскиот клуб Вардар, а, пак, тимот на Струга Трим Лум информирале дека самите ќе направат тестирања и јавно ќе ги објави резултатите.