Фудбалскиот свет се „тресе“, Меси кажа каде ќе ја заврши кариерата: „Да, тоа ќе биде мојот последен клуб“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неполна една година откако Лионел Меси се пресели „преку барата“ и означи нов почеток на револуцијата на американската МЛС лига. Доаѓањето на Аргентинецот во Интер Мајами го модернизираа клубот, цените на влезниците скокнаа до небо, како и приходот на клубот, но и целата лига.

Меси се споменуваше дека може да се врати во Барселона, имаше и понуди од Саудиска Арабија, но на крајот се реши на „помирниот“ крај, во САД.

Сега кога веќе почнува да размислува за крај на кариерата, некогашниот ас на Барселона, кажа каде ќе заврши со играњето на фудбал. Иако многумина очекуваа враќање во Аргентина, па дури и во Барселона, сепак, тој демантираше и кажа дека актуелниот клуб ќе му биде последен.

„Да, Интер Мајами ќе биде мојот последен клуб. Сакам да играм фудбал и да уживам од ден во ден, но свесен сум дека ми останува уште малку време. Затоа уживам и во најситните детали“, рече Аргентинецот.