Фуере за ТВ21: „Бугарските барања се неприфатливи и навредливи, срамно е што нивните политичари ја играат оваа игра“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешната емисија „10 МИНУТИ“ на ТВ21 беше со Ерван Фуере, поранешен евроамбасадор во Македонија. Фуере кажа дека бугарските барања се срамни и неприфатливи, и дека е жално што политичарите од таа земја ја играат таа игра.

„Бугарските барања се сосема неприфатливи. Незамисливо е да се бара од ЕУ да прифати прашањата поврзани со историја и идентитет да станат дел од пристапниот процес. Ако ја следиме бугарската логика по ова прашање, ни Ирска ни Обединетото Кралство никогаш не би станале членки на ЕУ.

Имаме многу тешка историја. Можеби и потешка од таа на Западен Балкан. И уште дискутираме околу неа, но на отворен и неконфронтирачки начин и не си наметнуваме вета едни на други.

Бугарскиот пристап не само што го поткопува целиот процес на проширување на ЕУ туку и ја навредува соседна Северна Македонија.

Со наметнување на своја верзија на историјата, игра на популистичката агенда во Бугарија. Многу е жалосно и срамотно да се гледа како бугарските политичари ја играат таа игра што ја тера јавноста да усвои многу цврсти ставови кон соседот и кон македонските граѓани со кои имаат многу заеднички работи.

Наместо конструктивен дијалог, имаме многу остра реторика“, рече Фуере.

Целата изјава низ видео: