НАЈНОВА ВЕСТ

Фуфо: Коцката ми го уништи животот, земав пари од лихвари па ми вршеа психолошка тортура

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Левица со протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија

Партијата Левица упати протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија. Причината е поради одредена затворска казна за раперот Паоло...

Филипче: Состојбата со доктор Јота е стабилна во моментов

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти состојбата со дигестивниот хирург, доктор Ѓорѓи Јота. Тој...

Маричиќ: Голем ден за правната држава и владеењето на правото

Ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го...

Една година од првиот случај со коронавирус, од тогаш 90.685 позитивни пациенти, 3.111 починале

Помина една година од првиот регистриран случај со Ковид 19 во Северна Македонија. Првата заразена пациентка беше 50 годишна...

Заев за „Монструм“: Тоа е работа на судот, Заев за Мијалков: Јас ја координирав акцијата

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците-Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди вчера го праша премиерот Заев: Зошто не се објавуваат...

Љупчо Николовски Фуфо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 си ја отвори душата и раскажа за своето минато поврзано со лихварстото и коцката.

„Физичка тортура за среќа не сум имал, психолошка сум имал максимална. Телефонски повици, ѕвонење на врата, среќавање во објекти. Тоа е единствено орудие на лихварите“, посочи Николовски.

Тој вели дека тие се закануваат со се, односно со сопруга, деца, татко, мајка.

„Они ако ти дале пари на рака, јас ни од далеку не сакам да ми се амнестирам себеси, јас сум крив што сум влегол во ситуација да тропнам на врата и да побарам пари од некого“, додава Николовски.

На прашање за тоа колкави се каматите кои лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена ќе станат 30 илјади евра.

„Нема коцкар што може веднаш да плати. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш пари свои, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството“, додава Николовски.