Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на конференцијата КОСАП изјави дека проширувањето на Европската Унија останува една од најважните политики за стабилноста, безбедноста и просперитетот на континентот.
Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на ЕУ и дека регионалната соработка е од суштинско значење за забрзување на процесот на европска интеграција.
Гаши, исто така, подвлече дека Македонија ќе продолжи да промовира инфраструктурни проекти и регионално поврзување, придонесувајќи за постабилна и економски интегрирана Европа.
„Проширувањето на Европската Унија претставува една од најважните политики за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет на целиот европски континент. Земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европската Унија – не само географски, туку и во однос на вредностите и историјата. Регионалната соработка е од суштинско значење за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Според тоа, поврзаноста денес претставува клучен елемент за економска одржливост, регионална стабилност и одржлив развој во услови на зголемена геополитичка неизвесност и трансформација на глобалните синџири на снабдување. Република Северна Македонија, како држава со стратешка позиција на раскрсницата помеѓу Европа и поширокиот евроазиски простор, има активна улога во унапредувањето на регионалната инфраструктура и транспортната поврзаност. Дефиницијата на нашата држава е развој на активна регионална соработка, промоција на инфраструктурни проекти и придонес кон стабилна, безбедна и економски меѓусебно поврзана Европа“, изјави Гаши.
