Гаши: Не сме информирани за ништо во врска со спорот со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека воопшто не се информирани, а не ги ни консултирале од Владата во врска со спорот со Бугарија.

Тој додава дека ниту пак ги поканиле да бидат дел од било каква Комисија на која ќе се дебатира за спорот со Бугарија, каде сите политички партии би дале свои сугестии и предлози.

„Ние како албански партии ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој спор“, посочи Гаши.

Гаши претходно посочи дека потребно е веднаш да се организира лидерска средба со цел да се создаде консензус и да се разгледаат сите опции според кои ќе се донесат заеднички одлуки.