Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши пред средбата со премиерот Зоран Заев истакна дека нивната партија е подготвена да помогне, доколку успеат да изградат нов концепт и поголеми проблеми.
„Ќе видиме со премиерот и неговите сегашни партнери каков е нивниот концепт и што очекуваат од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, алтернатива е подготвена да помогне“, истакна Гаши.
Според Гаши овој процес не е лесен и дека сите ќе треба да покажат подготвеност.
