Гаши со честитки за христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитки до православните верници и граѓаните кои го одбележуваат овој значаен празник.

„Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски“, пишува во честитката на Гаши.